| 11.03.2010 | 13:00 UTC
Грција повторно парализирана од штрајкови
Грчката полиција денеска мораше да интервенира со употреба на солзавец за да ги растера насилните групи демонстранти во Атина кои протестираат против најавените владини мерки за штедење. Вториот генерален штрајк неделава во земјата, ги парализираше јавниот транспорт, авионскиот сообраќај, а болниците работат само со основниот персонал. Околу 10 илјади луѓе излегоа на улиците на Атина, а инцидентите ги предизвикале група млади, кои фрлале со камења и со молотови коктели врз зградата на парламентот. Слични инциденти денеска се забележани и за време на протестите во Солун.



